Балкан
13. March 2024 - 10:17

Грчката фрегата во Црвеното море интервенирала против две беспилотни летала

Грчката фрегата „Идра“, дел од европската операција во Црвеното море, утрово отворила оган и интервенирала против две беспилотни летала (UAVs), што биле упатени кон трговски брод, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случил во Аденскиот Залив, а фрегатата реагирала согласно правилата и протоколите.

Според грчката државна телевизија ЕРТ, беспилотните летала, веројатно од Хутите, му се заканиле на трговски брод, а фрегатата што била во конкретната област, интервенирала и отворила оган со цел да го заштити бродот, по што беспилотните летала се повлекле и се оддалечиле, а „Идра“ без проблеми ја продолжува својата мисија.

Фрегатата „Идра“ на грчката воена морнарица од понеделник е во Аденскиот залив, во рамки на европската операција „Аспидес“ („Штитови“) за заштита на меѓународната пловидба во Црвеното море, а денешниот инцидент беше прв во кој беше интервенираше.