Грчката црква одбива верски погреб во случај на кремирање на покојникот

Грчката православна црква, два месеца откако е отворен првиот крематориум во Грција, повторно посочи дека е против кремирање и дека одбива верски погреб во случај на кремирање на покојникот.
„Мртвите тела не се отпад… Црквата се противи на палењето…, трагично е да се запали или исечка нешто што има вистинска вредност“, пишува во документот на Црквата на четири страници упатен до народот, кој ќе им биде поделен на верниците во сите цркви.
Бидејќи „Црквата ја почитува слободата на оние што ќе одлучат да се препуштат на огнот… и тие мора да ја признаат слободата на Црквата дека не е должна да слави негово… отфрлање на погребната традиција“, се наведува во текстот.
Како една од последните земји во Европската унија што дозволи кремирање, Грција го отвори својот прв крематориум на почетокот на октомври, изграден со приватни средства во Рикони, 80 километри од Атина.
Во земја во која повеќе од 90 проценти од жителите велат дека се православни, крематориумот е блокиран од Грчката православна црква, која се придржува кон православниот погребен ритуал.
Во отсуство на крематориум, стотици грчки семејства беа принудени да ги пренесат остатоците на нивните роднини во соседна Бугарија.
Во 2006 година првпат законски е одобрено „кремирање на телото“, што беше побарано и од приврзаниците на секуларизмот и многу општини во кои нема место на гробиштата.
Ново на Сител
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
