Граѓанскиот сектор бара да биде вклучен во преговорите за излез од политичката криза
Осумдесетина граѓански организации денеска побараа нивни претставници да бидат вклучени во преговорите за изнаоѓање решенија за излез од политичката криза.
Со тоа, според нив, ќе се обезбеди набљудување на преговарачкиот процес, ќе се гарантира веродостојно презентирање на информациите пред граѓаните, ќе бидат претставени ставовите на граѓанскиот сектор и ќе се понудат решенија кои партиите не би ги имале во предвид.
- Претставниците на граѓанскиот сектор нема да имаат улога, надлежност и мандат да одлучуваат во рамки на преговорите. Тој мандат го имаат партиите кои преку делегирани пратеници во Собранието, треба да ги преточат договорените услови во практични законски решенија коишто потоа, владините институции и независните тела треба да ги спроведат, појаснуваат невладините организации.
Писмото со нивните барања тие го доставија до Делегацијата на Европската унија во Скопје, Американската амбасада и до четирите политички партии вклучени во политичките преговори.
Ново на Сител
-
Владата именува нови директори на неколку државни институции
-
Оливер Миланов именуван за директор на Агенција за Храна и Ветеринарство
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага