Граѓаните уште утре имаат рок да ги потврдат или коригираат даночните пријави
Утре истекува рокот во кој граѓаните можат да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа не го сторат до утре, од 1 јуни Управата за јавни приходи ќе ги смета даночните пријави за конечни.
-По истекот на законскиот рок на 1 јуни 2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишните даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани, велат од УЈП.
Годишната даночна пријава за 2019 година која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на доход за 2019 година.
Пријавата ги содржи сите приходи на лицето по сонов на редовни приливи односно плата или пензија и приходите од дополнителна дејност. Граѓаните потврдата или корекцијата можат да ја направат преку своите кориснички профили на системот е-Персонален данок.
Управата за јавни приходи ги подготви и до граѓаните ги достави Годишните даночни пријави за 2019 година на 10 мај годинава.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка