Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички, зголемен раст во третиот квартал од 2021

Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички во трговијата во земјава. Податоците на Народната банка за третиот квартал од изминатата година покажуваат висок годишен раст и кај вредноста и кај бројот на остварени трансакции и тоа за 16 и за 14,9 проценти.
– Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, што произлегува пред сѐ од високиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (40,8 проценти), продолжува и во третиот квартал од 2021 година и е повисок за 4,3 пати во споредба со годишниот раст во истиот квартал од 2020 година. Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба, во третиот квартал од 2021 година, беше остварен висок годишен раст од 12,8 проценти, којшто е повисок за 2,9 пати од годишниот раст остварен во истиот квартал од 2020 година, информираат од Народната банка.
Висок раст е забележан и кај плаќањата со кредитен трансфер, односно годишниот раст кај вредноста на трансакциите изнесува 30,3 проценти, а кај бројот на извршените трансакции е 50,6 проценти.
– Електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери и натаму бележи тренд на раст, што постоеше и пред пандемијата на ковид-19, но беше дополнително поттикнат со дигиталната трансформација за време на пандемијата. Така, и во третиот квартал од 2021 година, расте употребата на електронски иницираните кредитни трансфери за 22,2 проценти на годишна основа кај бројот, односно за 31,4 проценти кај вредноста на остварените трансакции, во споредба со истиот период од 2020 година, кога бележеа годишен раст од 35,9 проценти кај бројот, односно од 30,8 проценти кај вредноста на остварените трансакции, се наведува во соопштението од Централната банка.
Ново на Сител
-

Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило
-

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025
-

Орце Ѓорѓиевски нов градоначалник на Скопје
-

Постaпка прoтив четворицa осoмничени за оргaнизирaње бoрби сo кучињa во битолско село
-

Одбојкарките на Младост УГД ја забележаа третата победа, Работнички Скопје без проблеми против Вардар ЕМ
-

Најстудено во Берово, најтопло во Маврови Анови и Виница
-

Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во село Длабочица
-

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан
