Граѓаните на седум муслимански земји непречено пристигнуваат во САД

Државјани од седумте муслимански земји, кои беа опфатени со указот на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана за влез во САД, вчера непречено пристигнуваа на аеродромите во земјата, откако федерален судија ја поништи мерката.
Авиокомпаниите во светот им дозволија на граѓаните на Сирија, Ирак, Иран, Судан, Сомалија, Либија и Јемен да се качат на летовите за САД. Адвокат, кој чекаше на њујоршкиот аеродром „Кенеди“ изјави дека лицата, кои поседуваат визи и зелени карти од Ирак и Иран не се соочуваат со проблеми при пристигнувањето.
Властите на аеродромот во Каиро соопштија дека вкупно 33 мигранти од Јемен, Сирија и Ирак се качиле вчера на летови за САД.
Либански медиуми јавија дека на аеродромот во Бејрут им било дозволено на сириски семејства и на други лица од земји опфатени со забраната, да се качат на авиони преку Европа за САД.
Околу 60 илјади визи кои беа поништени со указот на Трамп, се повторно валидни, изјавија американски дипломати.
Ново на Сител
-

Царина заплени фотоапарати, цигари, дрога, автоделови, возило со бункер, облека и фалсификувана стока
-

Судскиот процес за трагедијата во „Пулс“ почнува утре
-

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање
-

Опожарен камион на „Чистота и Зеленило“ на депонијата Краста во Куманово
-

Приведени двајца криумчари од Албанија, пронајдени пет мигранти
-

Ужас во Скопје: 23-годишник силувал 5-годишно девојче и се заканувал дека не смее да кажува на нејзиниот татко
-

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година зголемени за 10,4 отсто
-

Намалено вкупното производство на шумски производи во државните шуми
