-->
-->
Граѓаните на Крива Паланка ќе го креираат буџетот за 2017
-->
Локалната самоуправа на општина Крива Паланка трета година по ред активно ќе ги вклучи граѓаните во керирањето на буџетот за следната година преку буџетски форум.
- Првата сесија од буџетски форум со цел креирање на буџетот на општината за 2017 година е закажана за вторник, 15 ноември. Сите заинтересирани граѓани можат активно да се вклучат и да учествуваат во креирањето на буџетот за наредната година. Во периодот на месец ноември и месец декември, како и изминатите години, на неколку форумски сесии ќе ги консултираме граѓаните за нивните барања, предлози, идеи и проекти неопходни да бидта реализирани во општината и истите ќе бидат разгледани од страна на стручен тим, по што дел до нив ќе се инкорпорираат во буџетото и рпограмата за наредната година, информираат од локалната самоуправа на општината.
Истакнаа дека и досега голем број проекти кои биле рализирани, биле произлезени токму од буџетските форуми, со што овој начин се покажал како функционален.
- Кривопаланчани активно ќе се вклучат во процесот на подготовка на буџетот за 2017 година, кој ќе биде креиран по мерка на граѓаните, согласно нивните потреби и приоритети, велат од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
Првата форумска сесија ќе се одржи во „Облаче“ во вторник, 15 ноември, со почеток во 12 часот, а организиран е бесплатен превоз за сите кои сакаат да присуствуваат и да учествуваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено