Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет
Со оглед дека веќе започна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право и во Комитетот, на телефонските броеви (0)2 3119 073 и 072 278 436, или на helkom@mhc.org.mk
Денеска започна гласањето на лица кои се болни од Ковид-19 и во самоизолација, додека утре гласаат болните и немоќните, лицата во казнено-поправни установи, старски домови и внатрешно раселени лица. Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе биде отворена и во среда, 15 јули 2020, од 07 до 21 часот.
Исто така, апелираме до граѓаните, при исполнувањето на нивното уставно загарантирано избирачко право, задолжително да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, за да го заштитат своето и јавното здравје.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
