-->
-->
Граѓаните масовно истакнуваат македонски знамиња за поддршка на унитарна Македонија
-->
Од ден во ден сè повеќе граѓани од сите страни на Македонија, на своите домови истакнуваат македонски знамиња за поддршка на граѓанска и унитарна Македонија. Денеска се приклучија и беровчани.
Граѓаните на Берово со овој чин порачаа- ДА за унитарноста, НЕ за двојазичноста, кантонизација и промена на Уставот, знаме, грб…
Од граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, ги повикаа граѓаните во поддршка на боите на Македонија, да истакнат македонско знаме на нивните прозори и балкони, или пак било што друго кое ќе ја означи црвено-жолтата линија со која се исцртува „Да за унитарна граѓанска Заедничка Македонија!“

-Нека знаат вашите комшии, нека знаат сите дека вие сте за земја на почит, толеранција, разум и напредок, а не за политички инструирани бесмислени поделби, уцени и дискриминација, порачуваат од ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
И во текот на вчерашниот ден беа истакнати македонските знамиња низ повеќе градови.







-->
-->
-->
Ново на Сител
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош