Граѓаните кои поседуваат легално оружје од сега ќе можат да набавуваат муниција директно во овластените правни субјекти

Министерството за внатрешни работи реализираше уште една суштинска промена во насока на поедноставување на административните постапки и зголемување на ефикасноста во системот за легално поседување оружје.
Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција. Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција.
„Истовремено, преку централен електронски систем, Министерството за внатрешни работи ќе врши континуирана контрола и увид во количините што се набавуваат, во согласност со законски утврдените ограничувања. Со оваа промена, системот станува побрз, пофункционален и посовремен, без да се намали степенот на безбедносен надзор. Ова е уште една потврда дека се движиме во вистинска насока, со конкретни мерки што носат резултати и реално го подобруваат квалитетот на услугите што МВР ги дава на граѓаните“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Ново на Сител
-

РКЕ: Регулаторната комисија да ја преземе во целост надлежноста во формирање на конечна цена на водата
-

Ползењето е исклучително битно за здрав ран развој на детето
-

Деветти Светиклиментов научен собир: Теологијата и технологиите
-

Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама
-

Јубилејно издание на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“
-

Флекс брокер: Една година сигурност, доверба и најбрз раст на осигурителниот пазар
-

Настава по македонски јазик во Хрватска
-

Поради здравствени причини откажано обраќањето на премиерот Мицкоски на македонско-српскиот форум во Скопје
