Настава по македонски јазик во Хрватска

Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска потпиша Решение за изучување македонски јазик и култура по модел Ц во најголемото подрачното основно училиште „Стрмец“, во градот Св. Недела.
-Ова го соопшти Желка Ненадиќ, претставничка од Управата за национални малцинства при Министерството за наука, образование и млади на манифестацијата „Македонскиот јазикот е нашиот идентитет“, проект поддржан и одобрен од страна на истото министерство. Барањето е иницијатива на родители, предводени од професорката по македонски јазик Ивана Брезовец. Наставата по македонски јазик во Хрватска досега се изведува во седум основни училишта и три гимназии. Првиот час во ОУ. „Никола Тесла“ во Загреб е одржан пред дваесет години. Наставата во Првата гимназија во Загреб се изведува единаесет години. Освен Македонци и Македонки, наставата може да ја следат и сите други заинтересирани ученици, соопшти проф. Иван Антоновски кој учествуваше на манифестацијата за македонскиот јазик во Загреб.
Тој посочува дека исклучителен пример во Хрватска е наставничката Наталија Лековска - Македонка која работи во ОУ „Владимир Назор“ во општина Потпиќан.
-Таа ги подучува своите ученици од прво, второ и трето одделение македонски фолклор и македонски јазик за време на целодневната настава. Учениците и наставничката беа поканети на манифестацијата „Македонскиот јазик е нашиот идентитет“ од страна на координаторката Ивана Брезовец, каде ученичките предводени од својата учителка го играа Пајдушкото оро, а се претставија и со традиционално истарско оро кое се вика „Истарски балон“ или во оригинал „Истарски балун“. На хармоника свиреше и малата Анамарија Цариќ. За оваа пригода носеа истарски народни носии кои им ги отстапи културниот музички ансамбал „Иван Фоновиќ Златела“ од Кршана и МКД „Охридски бисер“ од Загреб. Во целата оваа реализација имаа неизмерна поддршка од директорката на самото училиште. Нада Перишиќ и родителите на учениците, што само зборува за еден прекрасен пример на поддршка која Македонците ја добиваат во Република Хрватска, соопшти Иван Антоновски.
МИА
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
