Граѓаните кои патуваат кон Бугарија да го избегнуваат преминот Ново Село-Златарево

Поради пожар на граничниот премин Златарево – Република Бугарија во прекин е патничкиот и товарниот сообраќај на граничниот премин Ново Село – Златарево, информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија.
-Според информациите кои ги добивме од бугарска страна, прекинот или забраната за товарен сообраќај ќе трае неколку дена, но поради сериозноста на настанот не се во можност да информираат поконкретно. По добивање официјален став од нивна страна, дополнително ќе информираме кога ќе биде пуштен патничкиот и товарниот сообраќај, се наведува во соопштението.
Од Царинската управа им препорачуваат на граѓаните кои патуваат кон Република Бугарија да се пренасочуваат алтернативно на другите гранични премини се до оспособување за работа на граничниот премин Златарево – Република Бугарија.
Ново на Сител
-

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат
-

Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
-

Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез
-

Рубио повика на воздржаност поради ескалацијата на насилството во Јемен
-

Хрватска од 1 јануари ја презема контролата и заштитата на сопствениот воздушен простор
-

Пет лица се повредени во руски напад врз Киев
-

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја
-

Фон дер Лајен телефонски ќе разговара со Зеленски и други европски лидери
