Граѓаните кои го одложиле исплаќањето, можат да се предомислат и да продолжат со исплаќање на кредитот

Граѓаните кои ја прифатиле понудата на банките за одложување на отплатата на кредитите во наредните шест месеци, можат да се премислат и да продолжат со редовно плаќање на ратите. И оние кои ја одбиле понудата и продолжиле со отплата на кредитие, доколку сакаат, можат и сега да побараат одложување.
Ова вчера го соопштија од Македонската банкарска асоцијација (МБА), со што практично сите корисници на кредити од банките ќе имааат „втора шанса“ да се изјаснат, без оглед што се поминати роковите што беа пропишани, односно десет дена по објавување на јавната понуда од секоја банка посебно. Разликата е што наместо тоа да го прават онлајн преку посебна апликација, сега ќе треба да се јават по телефон во својата банка, или да пратат меил.
„Сите наши членки нудат можност физичките лица коишто ја прифатиле понудата, а во следните месеци ќе сакаат и ќе бидат во можност да продолжат со плаќање на кредитите, да се изземат од понудата. Исто така, нашите членки ќе излезат во пресрет и на барањата на своите клиенти коишто сега ја одбиле понудата, а во натамошниот период ќе проценат дека имаат потреба од привремено олеснување на финансискиот товар, дополнително да се приклучат кон понудата и наплатата на кредитот да им се одложи до завршување на грејс-периодот предвиден со понудата“, соопштија од МБА.
Од таму објаснувааат дека барањата за изземање или приклучување кон понудата, во претстојниот период ќе се процесираат индивидуално. Секој клиент што ќе има вакво барање ќе треба телефонски или со е-порака да ја контактира банката или штедилницата од којашто користи кредитен производ, за да се договори како да го достави барањето и притоа да биде заштитено неговото здравје.
Според првичните податоци од членките на Македонската банкарска асоцијација – банки и штедилници, за прифаќање на понудите за олеснување на финансискиот товар со одложување на наплатата на кредитите се одлучија околу 70 отсто од кредитокорисниците – физички лица.
Кај правните лица, односно фирмите, пристапот на банките од почеток беше поинаков – понудите се усогласуваат со секој клиент одделно, во зависност од неговите потреби.
„Сите наши членки настојуваат максимално да им излезат во пресрет на фирмите засегнати од актуелната состојба, за да им се овозможат полесно да ги надминат потешкотиите предизвикани од шокот предизвикан од пандемијата на корона вирусот“, велаат од МБА.
Во МБА членувааат 15 банки, две штедилници и две институции (Клириншка куќа и Македонско кредитно биро).
Од асоцијацијата на банкарите нагласуваат дека банките и штедилниците и натаму максимално ќе се заложат преку своето работење да дадат поддршка за македонската економија, како во периодот на корона-кризата, така и во посткризниот период, придонесувајќи за нејзиното опоравување. Притоа, приоритет ќе биде и континуираното одржување на финансиската стабилност.
Ново на Сител
-

Зеленски: Андриј Јермак поднесе оставка
-

Меџити потврди дека Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а Беким Сали прв вицепремиер
-

Агенциите на ОН апелираа до Вашингтон да им дозволи на барателите на азил пристап до САД
-

Над 60 проценти од жителите на ЕУ лани купувале онлајн
-

Жолто ниво на предупредување од поплави, постои потенцијална опасност од излевање на реките
-

РКЕ следната недела ќе ги утврди тарифите за пренос и дистрибуција на струја, нема да има поскапување
-

Фонд на ПИОМ: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот
-

Црногорската полиција разби мрежа на проруски платеници, уапсен државјанин на БиХ со 1,5 милион евра
