Градовите на привремениот урбанизам – предавање на Лорен Андрес во МСУ
Во Музејот на современата уметност – Скопје, денеска во 18:30 часот, предавање ќе одржи Лорен Андрес, професорка по Урбани студии на Универзитетот во Лондон (UCL University College London).
Предавањето насловено „Градовите и привремениот урбанизам“ се однесува на прашањето како „привремениот урбанизам“ може да претставува одговор на специфичните потреби на градовите, односно да биде пристап кон трансформацијата на нивните социо-економски простори и урбани контексти. Значењето и практикувањето на привремениот урбанизам, не е податлив само за архитекти и урбанисти, туку станува применуван и од уметници во нивното делување и креирање на содржини и пораки во јавните простори на градовите.
Лорен Андрес е професор по Урбани студии на Универзитетот во Лондон. Нејзините истражувачки и академски интереси се фокусираат на урбаната географија и урбаното планирање во различни просторни и временски опкружувања. Ова ја подразбира динамиката на социјалните, политичките и економските промени во градовите и нивното влијание на различните простори, како и урбаната и животната средина. Нејзините публикации се застапени во престижни списанија како Urban Studies, Environment and Planning А, Urban forum, Regions, International Journal of Urban and Regional Research, Regional studies…
Андрес има комплетирано тринаесет меѓународни интердисциплинарни истражувачки проекти во Европа, Јужна и Источна Африка и Бразил.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес