Градот Скопје почна да ги применува измените на Законот за превоз со еколошки такси возила

Градот Скопје почна да ги применува измените на Законот за превоз со еколошки такси возила, со кои се овозможува изводите од лиценца за возила за авто-такси превоз кои се со ниска емисија на штетни издувни гасови да не се ограничува.
– Со измената и дополнувањето на Законот за превоз овозможено е изводите од лиценца за возила за авто-такси превоз кои се еколошки такси возила со ниска емисија на штетни издувни гасови (хибридни возила со комбиниран моторен и електричен погон, возила со погон на природен гас-ЦНГ и возила на електричен погон) да не се ограничени, односно да може барателот кој врши авто-такси дејност да може да поднесе барање за повеќе од 10 изводи, но најмногу пет отсто од вкупниот број изводи од лиценца за авто-такси дејност утврден со Одлука за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје или максимум 135 изводи од лиценца по барател, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.
Од таму информираат дека Советот на Град Скопје со акт ги утврдил условите во врска со вршењето на авто-такси превозот на патници, а се однесува на промена на начинот на издавање на изводи од лиценци за еколошки такси возила со ниска емисија на штетни издувни гасови (хибридни возила со комбиниран моторен и електричен погон, возила со погон на природен гас-ЦНГ и возила на електричен погон).
Пред оваа измена и дополна на Законот за превоз, се посочува во соопштението, распределбата на слободните изводи од лиценци за сите видови возила беше ограничена на максимален број од три изводи од лиценца за возило месечно, а 10 изводи годишно по вршител на авто-такси превоз.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
