Градоначалникот Трајковски се сретна со учесниците во проектот „Европски вредности“
Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски денеска се сретна со гостите од Бугарија, Романија, Италија, Литванија, Турција и Македонија, учесници во проектот „Европски вредности“ Еразмус 2 – Стратешко партнерство меѓу училишта и градинки.
Гостите, како што соопшти општина Гази Баба, имаа можност да поминат неколку дена во нашата држава и да разменат искуства со градинката „Детска радост“.
На средбата градоначалникот Трајковски истакнал дека општина Гази Баба е отворена за соработка и за континуирана поддршка на ваков тип проекти. Ја истакнал можноста за збратимување со некоја од општините од земјите на кои припаѓаат учесниците во овој проект.
- Основната цел на проектот е едукација на децата за европски празнувања, вклучување на родителите во одбележувањето на празниците, размена на идеи и искуства, соопшти општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница