Градоначалникот Трајановски го посети Сингелиќ
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска го посетија Сингелиќ, каде се расчистува теренот.
Град Скопје информира дека во оваа населба се санира оштетената инфраструктура, а пред два дена почна санацијата на цевките во отворените канали и премините.
На терен, како што се наведува, се констатира дека каналите на повеќето премини се целосно санирани и се целосно оспособени за одвивање на сообраќај.
Трајановски, придружуван од градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, го посетија Стајковското езерото со цел да направат увид во состојбата на браната и коритото на езерото.
- Водата од Стајковското езеро не е излеана и браната ја задржала водата во рамки на коритото. Коритото не е пробиено, со што се побиваат дел од шпекулациите дека поплавите се надојдени со попуштањето на браните на Смилковското и Стајковското езеро, рече Трајановски.
Градоначалниците Трајковски и Трајановски посетиле поголем број локации каде екипи на јавните претпријатија и волонтери чистеле на терен во населеното место Сингелиќ. Една од локациите каде се одвивала голема акција за чистење е дворот на црквата „Свети Ѓорѓија“, каде работеле претставници од јавните прептријатија, Армијата на Република Македонија и доброволци од општина Кривогаштани.
Во рамки на теренските посети, градоначалниците ја посетиле и привремената депонија во основното училиште во Сингилиќ, каде се собира сметот од поплавените куќи. Во моментов се работи на целосно расчистување на оваа депонија, која, како штио се наведува, ќе биде целосно расчистена, ќе се изврши дезинфекција и ќе се врати во првобитната состојба за време на почетокот на училишната година.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025
-
Трамп не го покани Путин на неговата инаугурација во јануари, изјави портпаролот на Кремљ
-
Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во Светиниколско
-
Општините и министерствата потрошиле над 2 милиони евра за адвокатски услуги во 2023
-
Нѐ чека уште едно пеколно лето, научниците предвидуваат дека 2025 ќе биде една од најтоплите во историјата
-
Во „голф“ превезувал 8 мигранти, уапсен 28 годишен Турчин
-
Случајот „Беса Транс“ падна на Апелација, се враќа на почеток