Градоначалникот Шилегов назначен за претседател на НАЛАС
Град Скопје денеска и утре е домаќин на 14. Генерално собрание на НАЛАС (Мрежата на здруженија на локалните власти од Југоисточна Европа). Повеќе од 70 градоначалници, експерти и претставници од здруженијата на локалните власти од 12 држави ќе дискутираат на повеќе теми од областа на локалната самоуправа под мотото „Градовите како двигатели на економскиот раст – Визија 2030“.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој го отвори Генералното собрание, соопшти дека денеска ќе се фокусираат на активностите што НАЛАС ги имал во 2018-та, како и за плановите за 2019 година. Најави дека ќе дискутираат за улогата на градовите и локалните власти во областа на економскиот раст, како да се одржи оваа улога со цел да се подобри квалитетот на граѓаните од Југоисточна Европа.
– По принципот на ротирачко претседателство, како претседател на ЗЕЛС го преземам раководењето со НАЛАС. Очекувам оваа година, имајќи предвид дека и извршната канцеларија на НАЛАС се наоѓа во Скопје, дека ќе можеме многу од процесите што се важни за националните асоцијации членки на НАЛАС да ги придвижиме напред, како процесите на децентрализација и фискална децентрализација, изјави Шилегов по отворањето на Генералното собрание.
Тој очекува дека ќе се направи обединување на заедниците на локална самоуправа во Албанија, каде постојат две асоцијации.
– Очекувам дека по мајските избори во Република Грција ќе обезбедиме членство на Асоцијацијата на единици на локална самоуправа на Грција. Пред нас претстои еден динамичен период. Работата во НАЛАС, работата во ЗЕЛС е за доловување стандарди кои ќе го олеснат работењето на градоначалниците во државата, изјави Шилегов.
Швајцарската амабасдорка во нашата држава Сибил Сутер Техада потсети дека Швајцарија го поддржува НАЛАС од неговото основање.
– НАЛАС израсна во релевантен актер и поддржувач на децентрализацијата во Југоистична Европа. НАЛАС игра важна улога во застапувањето на локалните власти за да добијат соодветна положба во процесот на пристапување кон ЕУ, а во исто време им дава моќ на здружениајта на локални власти како промотори и зашттитници на локалната демократија, рече Техада.
НАЛАС ја сочинуваат 14 здруженија што претставуваат околу 9.000 локални самоуправи, директно избрани од над 80 милиони граѓани во Југоисточна Европа. Организацијата го промовира процесот на децентрализација, придонесува во процесот за помирување и стабилизација во регионот и во тој контекст придонесува за процесот за европска интеграција на целиот регион. НАЛАС има ротирачко претседателство. Градоначалникот Шилегов од денеска ќе претседава со оваа организација за регионална соработка во текот на наредната една година.
Одговарајќи на новинарско прашање за расчистувњето на дивите депонии, Шилегов рече дека општините имаат обврска да ги чистат дивите депонии, а не Градот.
– Град Скопје во изминатиов период има расчитстено над 320 диви депонии, иако тоа не била наша обврска, рече Шилегов. Најави дека се планира овој месец да се почне со расчистување на старата депонија што е уште од земјотресот од 1963 година, покрај кејот на Вардар. Доколку е потребно ќе се повикаат и градежни компании од Скопје и од државата за да помогнат со механизација.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот