Градоначалникот на Истанбул си поднесе оставка

Градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш денеска соопшти дека поднесува оставка на функцијата.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Топбаш, кој е член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, не наведе конкретни причини поради кои се повлекува од функцијата.
Оставката доаѓа откако 72-годишниот Топбаш стави вето на пет плана за измени во градот, но неговата одлука потоа беше поништена од страна на членовите на неговата партија.
Топбаш на денеска одржаната прес-конференција нагласи дека иако поднесува оставка од функцијата градоначалник, сепак нема да ја напушти АКП.
Тој беше градоначалник на 15-милионскиот Истанбул, кој е главен турски финансиски центар и најголем град во земјата, од 2004 година.
Неговиот зет минатата година беше уапсен под обвинение за наводни врски со движењето на исламскиот проповедник, Фетулах Ѓулен, кого Турција го обвинува дека стои зад ланскиот неуспешен обид за државен удар.
Ново на Сител
-

Анализа на американското разузнавање: Путин е порешителен од кога било досега
-

Захарова: Европа се движи кон самоуништување
-

При претрес во струмичко пронајдена марихуана
-

Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол
-

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини
-

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар
-

Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка
-

Касами: Не можеме да застанеме зад Дехари во Кичево само затоа што е Албанец, мојата изјава е извадена од контекст
