Градоначалникот на Анкара поднесе оставка
Градоначалникот на главниот турски град Анкара, Мелих Ѓокчек по 23 години на власт денеска поднесе оставка.
На вонредната седница на Советот на Анкара, тој истакна дека оставката ја поднесува на барање на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и дека со чист образ и без никаква причинета штета на општината ја напушта оваа функција.
За време на прошталниот говор, Ѓокчек го опишуваше своето 23-годишно владеење, потенцирајќи дека Анкара е „најуспешната општина во светот“.
- Во изминатите пет мандати изградивме метроа и жичарници во Анкара, направивме 312 мостови, подвозници и надвозници. Отворивме 146 нови булевари и 7.255 километри нови патишта. Од Анкара направивме зелен и чист град со најубави паркови, истакна Ѓокчек.
Тој на градоначалничката функција стапи во 1994 година, како кандидат на Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган.
Оставките на градоначалниците во Турција се дел од реформите кои ги спроведува владејачката АКП пред одржувањето на претседателските избори во 2019 година. Оставки досега поднесоа градоначалниците на Истанбул, Дузџе, Ниде, Бурса, Алтепе и Анкара. Следен кој ќе замине од функцијата в понеделник е градоначалникот на општината Балкесир, Ахмет Едип Угур.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца