Градоначалникот Коњановски и ректорот Неделковски се потпишаа во Книга за жалост
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски, ректорот на УКЛО-Битола Игор Неделковски, претседателот на Универзитетското студентско собрание Димитар Атанасовски, студенти и професори одржаа комеморација и се потпишаа во Книга на жалост отворена во Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.
Учесниците на комеморативниот собир изразија длабоко сочувство за трагично загинатите во Кочани, ја истакнаа важноста на солидарноста во тешки времиња и трагични прилики и потсетија на една од Светиклиментовите поуки, во духот на неговото наследство која гласи - Како што Св. Климент ја носел светлината на разумот, така и ние да го носиме светлото на солидарноста!.
Студентите, со длабока почит, во отворената Книга на жалост, запишаа свои лични пораки, молитви и мисли, а се приклучија и средношколци од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.
Ректорската управа на УКЛО активно се вклучи во помагање на студентите и понуди активности што ќе им помогнат на младите луѓе да се справат со тагата и емоционалната вознемиреност.
Ново на Сител
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
-
Четири возила кај „Зебра“ изгореа во пожар
-
Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација
-
Андоновски: Досега забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот очекувам уште 50 да бидат забранети
-
Откупот и продажбата на земјоделските производи 3,6 милијарди денари, зголемени за 7,2 отсто
-
Нетанјаху: Масакрот врз Ерменците во 1915-1917 е геноцид
-
Пожар во градинка во Белград, евакуирани децата