Градоначалникот Ѓорѓиевски на средба со шефот на мисијата на ОБСЕ
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.
Како што информираат од Општина Кисела Вода, на средбата се дискутирало за тековните проекти на локалната самоуправа.
-Ѓорѓиевски ги презентираше и капиталните проекти од својата програма, што во еден дел се веќе започнати, а најголемиот број ќе се реализираат со почетокот на градежната сезона. На средбата присуствуваше и бискупот Кирил Стојанов, а една од темите била и намерата за рамномерен развој на општината, планирањето за формирање на две нови технолошко развојни зони во општината и подобрувањето на деловната клима во Кисела Вода во целост, која треба да донесе инвестиции во целата општина, се вели во соопштението од општината.
Која истакнал дека општината и градоначалникот можат да сметаат на поддршката од мисијата на ОБСЕ.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза