Градоначалникот Дудуш ќе ја донира јануарската плата за семејствата чии што куќи беа опожарени
Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, на вчерашната вонредна седница на општината одржана по повод пожарот во Шуто Оризари во кој загинаа две малолетни деца, рече дека својата јануарска плата ќе ја донира на семејства чии што куќи се целосно уништени од пожарот, а општинската администрација ќе одвои дел од својата плата.
На седницата, Советот донесе одлука да додели еднократна парична помош на три семејствата во висина од 30.000 денари, и за едно семејство еднократна парична помош во висина од 60.000 денари.
-Ја делиме болката на родителите и семејството. Сега ние сме должни на вас како родители, на уште две дечиња и на вашите соседи, кои ги изгубија своите домови да ви помогнеме да го вратите нормалниот живот назад, рече градоначалникот Дудуш на седницата.
Следната недела ќе се одржи друга седница каде со ребаланс на буџетот средствата од ставките култура и спорт ќе се пренаменат за помош на семејствата врз основа на извештаите на комисијата за проценка на штети.
Ново на Сител
-
30 години Сител Телевизија - Ваш прв избор
-
Масовни протести во Грузија: Стотици уапсени, полицијата обвинува за насилство
-
Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Приведена кавадарчанка за обид со туѓа лична карта да подигне пари
-
Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор, информира Тошковски
-
Се бара „неработник“ на годината
-
Кавадарчанка пријавила вознемирување со објави против неа, закана и обид за физички напад
-
Предлог-буџетот за 2025 на собраниската седница закажана за 10 декември