Свет
5. October 2017 - 9:19

Градоначалничката на Лас Вегас за напаѓачот: Нека изгние

 Градоначалничката на Лас Вегас, Керолин Гудман изјави дека Стивен Педок, кој изврши масакр во нејзиниот град, е „трула душа“ и неговиот чин го спореди со пукање кон патки на лента.

Гудман во изјава за Си-Ен-Ен рече дека не и е јасно како некој таков се осмелил да направи такво нешто кон недолжни луѓе.

- Во прашање е болен и ирационален човек, кој немал никакво право да го направи тоа што го направи.

- Нека гние, изјави Гуидман.

Таа додава дека никога веќе нема да го изговори неговото име и кон тој став се придржуваше за време на интервјуто. Таа беше прва која повика на донирање крв по масакрот.