Градинките се отвораат на почетокот на јуни
Започнат е скирининг во градинките на целата територија на Република Македонија. Општинската јавна установа детска градинка „Младост”- Тетово заедно со здравствените институции на 26 и 27 мај ќе направат скрининг за вработените воспитувачки и негувателки за да се испита дали има заболени од коронавирус пред почетокот со работата и приемот на деца. Установата има 137 вработени кои ќе бидат поделени во две групи во двата дена за утврдување на присуство на вирусот.
Во меѓувреме анкетата направена со родителите и испитувањето ни покажа дека околу 20 отсто или околу 150 од децата ќе продолжат од 1 јуни да ги носат во градинките за дневно згрижување. Согласно препораките променети се сите душеци за спиење.
Министерот за здравство вели дека оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од следната недела градинките да започнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест