Градинката во Виница со нова опрема од 1,4 милиони денари
Започна опремувањето на новите простории кои неодамна беа изградени во состав на градинката „Гоце Делчев“ во Виница.
Пристигна новата опрема за новите простории чија вредност изнесува милион денари. Дел од неа веќе е ставена во функција на секојдневната грижа на дечињата кои престојуваат овде.
- Опремата се состои од 60 креветчиња со душеци, столчиња, клупи. Се очекува да пристигне и планираниот дидактички материјал, играчки и книги, кои се планирани за опремувањето на новоизградените простории во градинката, изјави директорот на градинката Илија Јованов. .
Виничката градинка наскоро ќе добие и нова кровна конструкција, како и нови елементи во уредување на надворешниот дел.
Проектот за градинката во Виница, кој беше избран преку Програмата „Форуми во заедницата“, ќе биде финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, и е во вредност од околу 1.400 000 денари.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени