Градинката „11 Септември“ во Ресен ќе добие нов блок
Во детската градинка „11 Септември“ во Ресен денеска започна изградба на нов блок со капацитет за 40 деца, со што целосниот капацитет на градинката ќе достигне до 170 деца, информира општина Ресен.
Како што соопшти општина Ресен, ќе се градат две простории со вкупна површина од 70 метри квадратни, со комплетна придружна ентериерна инфраструктура, а вкупната инвестиција за градежните работи изнесува околу два и пол милиони денари.
Средствата за оваа фаза се обезбедени од Буџетот на општина Ресен, додека внатрешното уредување, односно опремување на просториите ќе падне на товар на Министерството за труд и социјална политика.
Според информациите од изведувачот, градежно изведбените работи ќе траат до почетокот на месец август годинава, а комплетното опремување се очекува да заврши до почетокот на новата учебна 2017/2018 година.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Пред Народното собрание се случи тежок терористички чин
-
Претреси во Скопје поради сомнение за лихварство и перење пари
-
Вонредно обраќање на Вучиќ по пожарот пред Собранието на Србија
-
Русите нападнаа детска градинка во Харков
-
Побаран притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница
-
Саркози во затвор го чуваат полицајци
-
Мицкоски оствари средба со кралот Чарлс
-
Судењето за „Онкологија“ продолжи со сослушување на сведоци