Град Скопје со интензивни градежни активности за викендот
Град Скопје викендов реализира интензивни градежни активности за реконструкција и проширување на фреквентните градски улици и булевари, на инфраструктурата во комплексот на Клинички центар, а се работи и на изградбата на новиот булевар во Бутел, мостот на Вардар во Аеродром и кружниот тек во Чаир.
– Со засилено темпо и ноќно работење се реконструира и проширува булеварот Никола Карев (Пластичарска) и овој капитален проект е во завршна фаза од реализација. Викендов се врши финално асфалтирање на оваа прометна сообраќајница на потегот од клучката кај Бит-пазар до влезот во касарната „Илинден“, на вкупна должина од 1.440 метри, соопшти Град Скопје.
Од Градот информираат дека во завршна фаза е и изградбата на новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош во општина Бутел, а на овој потег, во тек е финалното асфалтирање и наскоро Скопје ќе го добие првиот булевар што ќе излегува на обикилница.
– Екипите на Град Скопје викендов интензивно работат и на втората фаза од реконструкцијата на улицата Индира Ганди во општина Шуто Оризари, а во тек е и изградбата на кружниот тек во Чаир, меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула во општина Чаир, се додава во соопштението.
Властите информираат дека Град Скопје продолжува да го помага Клинички центар, каде што по целосната реконструкција на сервисната улица на влезот на Клинички центар, викендов се работи на завршување на новата пристапна улица до Инфективна клиника. После повеќе од 50 години, целосно се обновува инфраструктурата во комплексот на Клинички центар.
Градежните активности продолжуваат и на булеварот АСНОМ, каде се гради нов мост на Вардар кој ќе ги поврзува улицата Васко Карангелевски во Аеродром со улицата Индустриска во населбата Ќерамидница во Гази Баба. Град Скопје во наредниот период ќе продолжи со интензивни градежни активности за реконструкција и изградба на нови улици во Скопје, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја
-
Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија
-
Предупредување до сопствениците на „Андроид“ за апликациите што преземаат чувствителни податоци
-
Фон дер Лајен: Со САД постигнавме договор што обезбедува стабилност и предвидливост за двете страни на Атлантикот
-
САД посредува во мировните преговори меѓу Тајланд и Камбоџа во Малезија