Град Скопје со два милиони денари ќе го субвенционира чистењето оџаци во 2020.
Градот Скопје наскоро ќе објави Јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2020 година.
Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, се наведува во соопштението и се додава дека изминатите години субвенцијата била во износ најмногу до 1.000 денари.
Субвенциите ќе важат и за исчистени оџаци од 1 јануари, а јавниот повик кој ќе се реализира по принципот„прв дојден прв услужен“, ќе биде отворен до 30 ноември или до реализирање на средствата во износ од два милиони денари предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020.
На јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните и други субјекти за чистење на оџаците може да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје, се наведува во соопштението и се додава дека чистењето на оџаците придонесува за намалување на аерозагадувањето во текот на грејната сезона.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од уривањето на училиштето во Индонезија се зголеми на 36
-
Кампања на МОН „Магијата е во знаењето“: Да го вратиме сјајот и достоинството на професијата наставник
-
Коњановски: Коалицијата „Твоја Македонија“ ќе има мнозинство во Советот на Општина Битола
-
Путин: Испораката на американските ракети „Томахавк“ на Киев ќе ги уништи позитивните трендови меѓу Русија и САД
-
Две малолетни деца убиени и уште две тешко ранети во Тексас, се истражува семејна врска во трагедијата
-
Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето
-
Сиљановска-Давкова учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“
-
ИДФ: Околу 900.000 Палестинци евакуирани од градот Газа