Град Скопје: СДСМ со препукувањата не им помага на граѓаните
Наместо да се занимаваме со препукувања поттикнати секојдневно од прес конференциите и соопштенијата на СДСМ, порачуваме Владата да го реши проблемот со греењето во Скопје и својата енергија да ја насочи кон тоа.
Градот Скопје и да сака не може да биде одговорен за проблемот со топлинската енергија во градот. Колку и да се обидува некој да прикаже поинаква слика фактите говорат дека цела одговорност е во рацете на Владата. Ниту градот Скопје има средства колку што има Владата на располагање, ниту има инфраструктура што ја поседува Владата да го разреши овој проблем, па ниту има ингеренции.
Алармантна е целата ситуација, а ние две недели се докажуваме кој што треба да прави во услови кога механизмите се во Влада. Ова требаше да се заврши како процедура уште пред пет месеци и да бидеме подготвени за ова сценарио.
Град Скопје уште еднаш ја повикува Владата да покаже одговорност и итно донесе јасен план за помош на граѓаните, како што постапи секоја Влада во состојба на енергетска криза
Град Скопје
Ново на Сител
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство