Македонија
8. February 2017 - 11:42

Град Скопје продолжува со чистење на булеварите и улиците

Град Скопје продолжува интензивно со чистење на булеварите и улиците кои се во негова надлежност, со цел намалување на загадувањето на воздухот. 

Како што информира Град Скопје, ЈП „Комунална Хигиена“ во три смени на целата територија на Градот врши машинско миење на улиците со поголем број автоцистерни.

Покрај машинското миење со цистерни, на терен булеварите и градските улици се мијат и рачно со пумпи и се чистат со четири специјални комунални возила – метлачки.