Град Скопје набави машина за пресадување на дрвја
Град Скопје денеска ја прмовираше новата машина за пресадување дрвја со која садниците ќе може да се пресадуваат и транспортираат без да се оштетат.
Возилото е од марката „ивеко“, а на него е инсталирана дополнителна механизација и електроника за пресадување дрвја. За набавката на оваа машина, инвестирани се околу 10 милиони денари, средства обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка.
На промоцијата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ.
Градоначалникот Трајановски истакна дека со ова возило повеќе нема да има потреба за сечење на стари дрвја, туку тие безбедно ќе бидат пресадени на друга локација.
- Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа во регионот која набавува ваква механизација, која очекуваме значително да помогне во работата на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и да даде голем придонес во заштитата на зеленилото и животната средина, рече Трајановски.
Машината за пресадување на дрвја има четири лопатки кои додека се отворени достигнуваат дијаметар од 1,5 до 2,7 метри, додека кога се затворени ширината на дијаметарот е од 1,7 до 2 метри. Тежината на носивост на надградбата е од 2.350 до 2.700 килограми. Машината може да се користи за пресадување на дрвја со стебло со максимална дебелина до 40 сантиметри. Таа не може да се користи на терен и локации каде постојат плитки подземни инсталации.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење