Град Скопје: Коловозите целосно чисти, се дорасчистуваат тротоарите и велопатеките
Коловозите на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Град Скопје се целосно расчистени, а на терен интензивно се работи на чистење на тротоарите и велосипедските патеки од наталожениот снег за да им се овозможи полесно движење на граѓаните.
Градските власти денеска соопштија дека екипите на зимската служба на Град Скопје продолжуваат со интензивните активности за расчистување на снегот по обилните врнежи.
Во текот на изминатата вечер, како што се наведува, повторно се поминати сите булевари и улици што се во надлежност на Град Скопје, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“ при што беа фрлени 432 тони сол.
И изминатото деноноќие екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ работеле на чистење на јавните површини и тротоарите. Снегот го чистеле 60 вработени рачно и со механизација – мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол.
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ со два камиона, четири машини и останата потребна механизација вршеле расчистување на патеките од снег во зелените површини, тротоарите и парковите за олеснето движење на граѓаните.
Град Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Да не паркираат на улиците и булеварите и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба. Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
– Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, се вели во соопштението од Град Скопје.
JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат обврската за чистење на улиците кои се во нивна надлежност, како и поголема ажурност во оваа област со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 4.8 степени во близина на Света гора
-
Трамп: Газа е „вистински хаос, се надеваме дека ќе постигнеме нешто“
-
Вечер доделување на Златната топка, двајца фаворити
-
Трамп на комеморацијата на Кирк: Ако даде Бог, убиецот ќе ја добие најтешката казна за злосторството
-
Мицкоски на работна средба со претседателот и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи
-
ЦУК: Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода
-
Сиљановска-Давкова ја почна посетата во САД со обраќање за 30 години од Четвртата светска конференција за жените
-
Одржана комеморација за Кирк: Трамп го нарече маченик за слободата