Град Скопје ќе ги „обои“ во сино своите социјални мрежи на Светскиот ден на детето
Градот Скопје соопшти дека се приклучува на иницијативата за одбележување на Светскиот ден на детето – 20 Ноември и на покана на УНИЦЕФ ќе ги „обои“ во сино своите социјални мрежи фејсбук, твитер и инстаграм. На овие мрежи ќе бидат споделени постери со пораки за посреќно детство #ЗаСекоеДете.
По повод усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации, секоја година на 20 ноември се одбележува Светскиот ден на детето, ден исполнет со активности реализирани од децата, за децата.
Во изминатите години, во знак на поддршка, јавни објекти и градски обележја беа осветлувани во сина боја, но годинава поради актуелната енергетска криза оваа кампања според насоките на УНИЦЕФ ќе се реализира онлајн, на социјалните мрежи.
Оваа година акцентот на активностите по повод одбележувањето на Светскиот ден на детето се става на идеи за решенија на најголемите предизвици што ги засегаат нивните животи и нивната иднина, поврзани со три приоритетни теми: квалитетно образование, животна средина и квалитет на живот.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати