Град Скопје ја најавува големата еколошка акција за пошумување на парк-шумата Водно

Градоначалничката Данела Арсовска, заедно со екипи од скопските јавни претпријатија, со засадување дабови дрвја, ја најавија големата еколошка акција за пошумување на парк-шумата Водно. Акцијата, со реализација на бројни активности на садење дрвја и садници, ќе продолжи до крајот на месец март, информираа попладнево од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.
- На повисоките делови на Водно најчести се дрвјата од видот костен, даб, јасен и габер, додека во рамките на пошумените делови на планината, особено се значајни и атрактивни честите насади на црн бор. На Средно Водно неделава се садеа дабови стебла, со што започна големата еколошка акција, каде ќе учествуваат повеќе од 500 учесници, во која на два хектари земја ќе бидат засадени 120 стебла костен и 400 стебла зимзелени садници, наведуваат од Град Скопје.
Во акцијата, покрај вработените во скопските јавни претпријатија, најавено е и учество на ученици од 23 средни училишта на скопската територија, како и на бројни организации и граѓани кои ги сакаат Скопје и Водно, се грижат за животната средина и за квалитетот на живот во градот, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
