-->
-->
Град Скопје: Абази одлучи партијата да ја стави пред интересот на скопјани
-->
Град Скопје денеска преку соопштение изрази жалење што заменик-градоначалничката Бујаре Абази од Алијанса за Албанците поднесе оставка од функцијата.
-Бујаре Абази не беше партиско решение и на функцијата заменик беше назначена како личност која треба да ги застапува интересите на граѓаните. Искрено жалиме што Абази одлучи партијата да ја стави пред интересот на градот и скопјани, но тоа е нејзина одлука, стои во соопштението.
Според градските власти, департизацијата во институциите мора да биде постулат врз кој ќе се градат професионални јавни институции.
-Секој кој партиските интереси ги става над јавниот интерес, јасно е дека не може да функционира во насока на соодветно застапување на скопјани, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Бујаре Абази денеска поднесе оставка од функцијата заменик-градоначалничката на Град Скопје.
Абази, која е од редовите на партијата Алијанса за Албанците, на прес-конференција истакна дека АА од своето формирање континуирано демонстрира принципиелна и транспарентна политика.
– На последните локални избори во Град Скопје ветивме дека ќе ги тргнеме од власт тие што наштетија, ограбуваа и им го влошија животот на скопјани, но актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска направи две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните, нагласи Абази, осврнувајќи се на новите функции кои ги добија членови на ДУИ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лекари: Ракот на Бајден е неизлечив, но има добри вести
-
Од што боледува Бајден, кои се неговите опции за лекување?
-
Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија
-
Пожарот во викендицата на Пандов бил нарачан
-
Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но со соодветна замена во ФЗО
-
Ивановски: Имаме желба за изградба на пругата кон Бугарија, но нема соодветен одговор од другата страна
-
Поскапуваат горивата
-
Пожар во угостителски објект во Лисиче, сопственикот пренесен во болница