-->
-->
Грабул запрен во финалето на фјучрсот во Скопје
-->

Македонскиот тенисер Димитар Грабул го загуби финалето на вториот фјучрс во Скопје. поуспешен од него беше седмиот носител Александар Милер од Франција кој победи со 6:2 и 6:4 во гемови. Мечот траеше 72 минути.
Грабул за пласманот на во финалето ќе добие 10 поени.
Инаку победникот на овој фјучрс Милер на претходниот загуби во финалето од Данило Петровиќ.
Првиот гем од мечот го доби Грабул, а потоа Милер имаше серија од четири гема и поведе со 4:1. Оваа предност Милер ја зачува зачува до крајот на сетот.
Во вториот сет Милер повторно од 1:0 за Грабул направи пресврт и поведе со 4:1 и 5:2. Грабул успеа да внесе малку неизвесност откако намали на 5:4, но следниот гем му припадна на Милер за победа.
За Грабул финалниот меч беше ново исцрпување, откако претходно во текот на денот на висока темепература играше три часа и успеа да го победи Месарош. Овој триумф по се изгледа остави големи последици во физичката подотвеност на нашиот тенисер, кој имаше само нешто повеќе од три часа за одмор меѓу двата меча, што не беше случај за Милер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
