Грабнат од дома, претепан и врзан па убиен, ова е текот на настани во кои бил убиен Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик. Петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело – Грабнување на малолетно лице.
Постои основано сомнение дека на 22 ноември, четворица од осомничените, по претходен договор и заедно, извршиле грабнување на лице од неговиот дом во Велес со намера да го присилат да го даде неговиот автомобил Цитроен за тие да го искористат за грабнување на малолетно лице во Скопје.
Откако влегле во неговиот дом, физички го нападнале, го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие и на свиреп начин го лишиле од живот со истрел од огнено оружје од еден од осомничените.
На 27 ноември четворицата осомничени, помогнати од петтиот, извршиле грабнување на малолетно лице со намера да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп на детето.
Притоа го искористиле и одземениот автомобил. Подоцна на свиреп начин и со умисла ја лишиле од живот жртвата, а со претходно купен бензин го запалиле автомобилот Цитроен.
Ново на Сител
-

Зеленски денеска во посета на Грција – грчката полиција забрани протести во Атина
-

Митрашиновиќ влезе во историјата на македонската кошарка
-

АХВ спроведе засилени контроли кај операторите со храна во близина на училиштата
-

Александар Стуб: Неверојатно е да се случи прекин на огнот во Украина пред пролетта следната година
-

Лејкерси го победија Милвоки, Дончиќ постигна 41 поен
-

Временските услови поволни за земјоделството, добредојдени и најавените врнежи
-

Велс минимално го совлада Лихтенштајн, македонската репрезентација со реми во Кардиф ќе обезбеди бараж
-

Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 20 степени
