Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
Непознати лица испишале текст на албански јазик со навреди и го исшараа монументот кој се наоѓа на кејот во Гостивар. Претходно на срцето беше исцртано македонското знаме и делови од словенската азбука, како чин за одбележување на 24 Мај - денот на писменоста.
Гостиварци од утрово по социјалните мрежи го осудуваат овој чин.
- Ова не е постапка со која се отсликува соживотот на гостиварчани, зошто сите ние- македонци, албанци, турци, роми. Сме растеле заедно, сме се почитувале и сме ги негувале различностите. Ова може да го направи само оној што не израснал со овие вредности, напиша Ема Мешковска, советник во општинскиот совет и еден од иницијаторите да се одбележи денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Во полиција настанот не е пријавен, а доколку биде, како што наведоа од СВР Тетово, ќе бидат превземени соодветни мерки.
Врз сегмент од бетонскиот монумент во понеделникот, средношколци со дозвола на локалната самоуправа го обои со мотиви на македонското знаме и беа испишани букви од глаголицата и кирилицата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
