Гостување на камерниот хор „Херувими“ во Унгарија

Камерниот хор „Херувими“ денеска ќе има концерт во Козег, Унгарија, во рамки на 23. Интернационален летен универзитет „Европа во вителот на промените“.
Гостувањето е резултат на соработката помеѓу Институтот за напредни студии од Козег и новоформираниот Институт за напредни студии „Логос“ од Скопје.
На концертот ќе бидат изведени дела од Јоан Хармосин - Охридски, Андон Шахпаски, Манасиј поп Тодоров, Васил Иванов Бојаџиев, Јаков Протопсалт, Јане Коџабашија.
Камерниот хор „Херувими“ досега има реализирано поголем број концертни настапи на разни домашни и меѓународни манифестации и е активен носител на програмата на Школата по црковно пеење од византиската традиција „Андон Шахпски“.
Овој настап е дел од концертната дејност на хорот „Херувими“ преку која повторно оживуваат творбите од голем број ракописи и печатени книги на црковното пеење од словенско-византиската традиција настанати на територијата на Македонија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
-

АХВ казни 60 оператори кои продавале расипана храна и месо
-

Кои коруптивни скандали ја одбележаа 2025 година?
-

Антикорупциска одлучи: Идната година ќе го проверува имотот на 60 високи функционери
-

Нов Закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебни обвинувања за лицемерие, луксуз и криминал
-

Со 21 милион евра заем од ЕБОР државата ќе купува пет електрични локомотиви
