Македонија
27. December 2020 - 17:21

Гостиварецот кој беше пронајден мртов во поток бил пријавен за исчезнат

Пронајденото лице во поток од страна на ловџии е гостиварец кој бил пријавен за исчезнат на 16. декември 2020 година, информира МВР.

- Вчера во 11:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во атар на село Падалиште, гостиварско на место викано.„Роѓе Исмолит“, од страна на 38-годишниот А.С. и 38-годишниот Ф.И. двајцата од Гостивар, во поток бил пронајден починат 71-годишниот М.Р. од село Падалиште, кој бил пријавен дека се оддалечил од домот на 16.12.2020. Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Гостивар. Телото на починатиот е пренесено во Медицински центар Гостивар, соопшти полицијата.