-->
-->
Гостиварец со мотоцикл удрил во бетонска ограда
-->
Б.К. (22) од Гостивар, вчера околу 23 часот управувајќи мотоцикл „Хонда“ на улицата „Илинденска“ во Гостивар излетал од патот и удрил во бетонска ограда.
Како што соопшти МВР, во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, но поради сериозноста на повредите бил префрлен на клиника „Мајка Тереза“ Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маск го нападна законот на Трамп за даноци и трошоци
-
Без вода населба Радишани
-
Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје
-
САД донесоа одлука за продажба на муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари
-
Амандманска расправа за законите за реформа на администацијата во Комисијата за политички систем
-
Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија
-
Лидерска средба ЕУ - Западен Балкан во Скопје, фокус на Планот за раст
-
Ердоган: Самитот на НАТО ќе се одржи во Анкара во јули 2026 година