Македонија
8. March 2025 - 16:56

Гостиварец полово ја вознемирувал малолетната ќерка на неговата вонбрачна сопруга

Вчера во 23.20 часот 38 годишна жителка од Гостивар пријавила во ОВР Гостивар дека во период од 03.03 до 03.06.2025 година нејзиниот вонбрачен сопруг С.А. од Гостивар, полово ја вознемирувал и допирал нејзината малолетна ќерка којашто се уште не наполнила 15 години, соопшти МВР.

Според пријавителката додека вербално се расправила со С.А истиот и физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.