Гостиварчанка родила четврто дете ама пред да стапи на сила законот, еве со каква шема добила државна помош
НК КР Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Н.(52), Х.Р. (30) двајцата од с.Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “соизвршителство“ во врска со “фалсификување исправа“, и “употреба на исправа со невистинита содржина“.
Потоа против Г.М. (59) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба“, и М.Г. (62) од с.Долна Бањица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “несовесно работење во служба“.
Во период од 2009 па се до 2015 година, првопријавениот и второпријавената, при поднесување и обновување на документација за право на родителски додаток за четврто дете, употребиле извод од матична книга на родени на име на девојче родено 20.09.2009 година, којашто била родена 20.09.2008 година, со цел користење на правото на родителски додаток за четврто дете што стапил на сила од 01.01.2009 година. Со ваквите дејствија првопријавениот и второпријавената го оштетиле буџетот на Р.Македонија за 879.524 денари.
Третопријавената, Г.М. како одговорно лице во Приватната здравствена установа „Гинеко-мед“ на 22.12.2009 година и 11.05.2012 година, пополнила, потпишала, издала и заверила специјалистички извештај, во кој што било наведено дека второпријавената се породила со четврто дете на 20.09.2009 година, и дека ги извршила сите контроли во текот на бременоста во 2009 година.
Пријавената М.Г. пак од 2009 година до 2015 година, како социјален работник во Меѓуопштински Центар за социјална работа–Гостивар, при прием на документација од прво и второ пријавените, во наведениот период, за право на родителски додаток за четврто дете, без да изврши увид и детална контрола на регуларноста на примената документација им изготвувала решение за остварување на родителски додаток за четврто дете.
Ново на Сител
-
Данците во проблеми пред финалето, се повреди најдобриот светски ракометар
-
Обвинителството бара притвор за 42-годишната жена која вчера со автомобил удри во пешак
-
Малолетничка од Скопје физички нападната од таткото и братот
-
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник