-->
-->
Гостиварчанец возел мопед со 2,14 промили алкохол во крвта и паднал на коловозот
-->
На 30.06.2025 во 14.58 часот на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(68) од Гостивар.
Тој управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини