Македонија
24. October 2020 - 11:27

Гостиварчанец пронашол мигрант во својот камион

На 23.10.2020 околу 18,30 часот во Полициската станица Гостивар, И.В. пријавил дека во кругот на фабрика во неговото товарно моторно возило со полуприколка, при растовар на материјали пронашол непознато лице кое се претставило дека е од Сирија.

Од полициски службеници излезено било на местото на настанот по што лицето било приведено во полициска станица и истото не поседувало никаков документ за идентификација, а се претставил како М.Х.(20) од Сирија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.