Гостивар се вклучи во кампањата „Македонија ти си сончоглед“ за помош на децата болни од рак
Гостиварската локалната самоуправа се придружи во хуманитарната кампања „Македонија ти си сончоглед“ што ја спроведува Фондацијата „You are sunflower” со која се прибираат средства за помош на децата хоспитализирани на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ги повика граѓаните, а посебно бизнисмените да се приклучат на оваа иницијатива.
- Оваа мисија треба да се поддржи и прошири и на овие деца им се овозможи соодветен медицински третман, рече Таравари, кој во знак на поддршка на кампањата купи неколку маички со слика на сончоглед за општинските службеници.
Претседателот на Фондацијата која ја предводи кампањата, Албана Османи истакна дека е задоволна од текот на кампањата во Македонија и поддршката која ја добила во Гостивар.
- Ги повикувам граѓаните на Гостивар да нарачаат маичка и да придонесат за третманот на овие деца. Вашиот придонес ќе оди 100 проценти за овие деца, рече Османи.
Со купување маичка со слика на сончоглед, која чини 1.230 денари директно се поддржува хуманитарната кампања „Македонија ти си сончоглед“, чија цел е подобрување на условите за лекување на децата заболени од рак.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години