Гостивар: Полицаец и неговиот татко ги истепале поранешната сопруга и нејзиниот татко пред судница
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, син и татко, на возраст од 30 и 54 години, за кои е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
– Пријавените го сториле делото на 20 април, во чекалница пред судница на гостиварскиот суд, каде физички ја нападнале поранешната вонбрачна сопруга на првопријавениот и нејзиниот татко, нанесувајќи им телесни повреди и предизвикувајќи чувство на вознемиреност и страв и кај другите присутни. Инцидентот пред судницата се случил додека чекале продолжување на судското рочиште во врска со претходно пријавен настан, во кој оштетените повторно го пријавиле првопријавениот за предизвикување општа опасност, соопштија денеска од Jавното обвинителство на Република Северна Македонија
Првоосомничениот е полициски службеник, додека неговиот татко е пензиониран полициски службеник. Честите недоразбирања меѓу осомничениот и неговата вонбрачна сопруга, се појаснува во соопштението, кулминирале со неколку пријави за кривично-правни и прекршочни настани за кои се водат соодветни постапки.
Ценејќи го ова, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за првоосомничениот, додека за неговиот татко се предложени мерки на претпазливост.
Ново на Сител
-
Зеленски: САД треба да ја убедат Русија да го прифати прекинот на огнот
-
Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика
-
Тетовчанец приведен за подметнување на пожар
-
Макрон: Франција истовремено треба да се бори со геополитичките и терористичките закани
-
Tешко повреден мотоциклист откако се судрил со автобус
-
Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет