Горивата пак ќе поевтинат

И покрај благиот раст на цените во последните 3 дена, нафтата и натаму е на ниво кое ни гарантира ново намалување на цените, идниот понеделник, на 26 ноември кога регулаторот ќе ја прави новата корекција.
Во моментов барел нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон се продава за 67,5 долари, што е за нешто помалку од 5 долари поевтино од просечната цена врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика во понеделникот ги формираше малопродажните цени.
Најниска цената беше во вторникот, кога за само еден ден се спушти за цели 5 долари по барел до нивото од 65,5 долари. Од среда до денеска нафтата поскапи за околу 2 долари, што и натаму е цена под просекот, која гарантира пониски цени во малопродажба.
Во понеделникот сведочевме на едно од најголемите намалување на малопродажните цени во последните години. Дизелот поевтини за 3 а бензините за 4 односно 4,5 денари.
Ново на Сител
-

Кoс: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче удри на два фронта - „идиот“ за Мицкоски, „шлепер“ за сопартијците
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
