Гори велешката Градска депонија за комунален смет
Граѓани пред нешто повеќе од еден час телефонски ја известиле Пожарната во Велес дека гори Градската депонија за комунален смет. Црн чад кој се шири го задагува воздухот и им го отежнува дишењето на жителите од населбите близу депонијата, која веќе поодамна е заградена со метална жица.
Како што информираат за МИА,од ТППЕ Велес, на Градската депонија најпрво треба да интервенираат екипите на ЈКП „Дервен“ и да го гасат огнот со затрупување песок со булдожер. Но, ако огнот уште повеќе се разгоре, тие ќе мора на помош да ги повикаат пожарникарите од ТППЕ Велес.
Инаку, Градската депонија во Велес се пали скоро секое лето со што им го загадува воздухт на жителите од околните населби.
Палењето е најчесто поради оставање стакло и пластика кои честопати се самозапалуваат поради високите температури.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите